ВИДЕО ЗА БРЕНДИРАЊЕ КОЕ УНИКАТНО ПРЕТСТАВУВА ПОЗНАТИ ЛОГОА, БЕЗ ВСУШНОСТ ДА ПОКАЖЕ НИТУ ЕДНО

  • Branding

    ВИДЕО ЗА БРЕНДИРАЊЕ КОЕ УНИКАТНО ПРЕТСТАВУВА ПОЗНАТИ ЛОГОА, БЕЗ ВСУШНОСТ ДА ПОКАЖЕ НИТУ ЕДНО

    Некои од елементите на ова видео од Данската компанија InetDesign изгледаат неверојатно познати. Тоа е затоа што во видеото се користат познати логоа со цел да се објасни значењето на брендирањето. Видот, боите, димензиите и основни елементи на корпоративните дизајн знаци не се променети, но имињата на компаниите се заменети со зборови од приказната на видеото.

    На пример, со “дизајн” е испишано Логото на Дизни, “имагинација” за Логото на Лего, со “иднина” минималистички претставено Логото на Фејсбук, можеби и најдобро од сите, со “јасно и гласно” како свети против ѕвезденото во позадина логото на “Star Wars”.

    Дури и доколку се промени најважната работа на секој бренд -ИМЕТО- но доколку сите останати елементи се доволно силно прикажани, боите, типографијата, се уште ќе бидете во можност да го препознаете брендот во секунда.

    Таа точка е добро илустрирана тука. Објаснувајќи зошто компаниите кои се одлуваат за промени на логото, најдобро им се препорачува да се задржат на основниот изглед и речиси непроменети.

    Секој лого-редизајн е ризичен потег, но доколку останете на патот на Вашиот бренд и не ја загрозувате вашата препознатливост, тоа е добро решение. Тоа е дури сосема нормално и потребно, да се освежи вашата слика во време кога брендовите се менуваат и развиваат.

    Редизајнот на логото на Google и целиот тој брендинг концепт е одличен. Пребарувачите, особено Google се различни од она што беа.

    Google се претвори во водечки светски бренд и бизнис. Па промената на идентитетот, онака како што треба, потребно е да резултира и со визуелни промени, исто така.

2017 / Kara5