КАРА5 ПОТПИША СПОГОДБА СО ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДИЗАЈН – “UNIVERSITY OF LEEDS”

  • Kara5

    КАРА5 ПОТПИША СПОГОДБА СО ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДИЗАЈН – “UNIVERSITY OF LEEDS”

    Чест ни е да ви соопштиме дека Кара5 потпиша спогодба со Факултетот за дизајн – “University of Leeds”. Факултет за дизајн со долга и истакната историја, oснован во 1874 година, со воспоставена репутација како еден од водечките во светот.

    Со спогодбата беше одредено дека во Кара5 ќе стажираат студенти со завршена 3та година студии, кои ќе имаат можност практично да се дообразуваат во Кара5.

    Дизајнот кој е составен елемент во сите дејностите кои ги нуди Кара5:

    • Интернет Маркетинг;
    • Брендирање;
    • Дизајн на интернет страници;
    • Графички дизајн.

    Ќе овозможи, со практичното работење на студентите, во една динамична средина, комплетна надоградба на нивните теоретско стекнати знаења.

    Првата студентка која ќе се приклучи во Кара5 со своја дообука и практично работење е Bethan Evans, која започнува со своја 10 месечна пракса, почнувајќи од 07.09.2015 година.

    Факултетот за дизајн на Универзитетот во Лидс е факултет со уникатна и мултидисциплинарна животната средина, каде студентите се изложени на нови идеи и отварање на пошироки хоризонти при нивното студирање. Изборот на студии овозможува: курсеви во моден дизајн, текстилната дизајн, графички и комуникациски дизајн, уметност и дизајн, мода, маркетинг и технологија. Студии кои се инспиративни и стимулативни со цел градење успешна идна кариера. http://www.design.leeds.ac.uk/

    Во очекување на успешна, долгогодишна соработка, Кара5

2017 / Kara5