КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД SEO – SEARCH ENGINE OPTIMIZATION !?

  • Digital Marketing

    КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД SEO – SEARCH ENGINE OPTIMIZATION !?

    2.jpg

    1. Ниски трошоци (во однос на останатиот вид на маркетинг)

    Органските огласи се всушност бесплатни. Една од главните придобивки на оптимизацијата е што кога вашата интернет страница е поставена во горниот дел од пребарувањата, вие не треба да плаќате за клик или да распределувате буџет за рекламирање. Со малку напор (и одреден буџет за да се исплати SEO оптимизацијата) можете да согледате како вашата интернет страница постојано остварува сообраќај. Вие не мора да плаќате за секој човек кој ќе кликне на вашата реклама и притоа, за разлика од платените реклами, вашиот сообраќај нема да се намали или да престане.

    2. КОНКРЕТНО зголемување на сообраќајот

    Со анализи и алатки за известување, веднаш ќе се види јасно зголемување на сообраќајот на вашата интернет страница. Ова е добар начин да ги зголемите вашите бизнис напори. Оптимизацијата нема да даде резултати веднаш, но брзо, штом започнете со оптимизација, сообраќајот на вашата интернет страница ќе се зголемува со стабилна стапка на раст. Со користење на алатки за следење на сообраќајот на вашата интернет страница може јасно да се види како се повеќе луѓе ја посетуваат. Доколку сте заинтересирани за зголемување на вашиот сообраќај со неколку едноставни промени? Дозволете ни да ви испратиме SEO анализа за вашата интернет страница. Анализата е бесплатна, само потребно е да ни ја кажете вашата URL адреса, а ние ќе ви одговориме со извештај!

    3. ПОВИСОК БРЕНД кредибилитет, луѓето му веруваат GOOGLE

    Луѓето веруваат дека првата предложена компанија при пребарување на одредени зборови и фрази од Google е реномирана компанија. Со SEO вашата интернет страница станува БРЕНД. Вие ќе бидете оние на кои конкурентите им љубоморат. Доколку Google има место посветено за вас на врвот при пребарувањето, тоа дава кредибилитет на вашиот бренд, што ќе ви овозможи без реклама да се напредува. Рекламите често може да се видат како досадни, а воедно и многу луѓе имаат реклама блокатори инсталирани на нивниот интернет пребарувач.

    4. Подобар ROI (поврат на инвестицијата) од нормално ADS

    Кога ќе добиете 1000 посетители од одредени платени реклами, 2% од оние посетители би можеле да се претворат во клиенти. Кога ќе добиете 1000 кликови од оптимизација на вашата интернет страница, 4% од оние посетители ќе се претворат во продажба, што доведува до подобро враќање на инвестицијата. Ова е само уште една од придобивките на оптимизацијата кои не може да бидат заменети со било која друга форма на маркетинг. Google пребарувањата се всушност оние пребарувања кои луѓето ги вршат барајќи некои ваши производи или работи поврзани со вашата дејност.

    5. Вашите конкуренти го прават тоа.

    SEO е алатка која се зголемува и стекнува своја важна позиција во интернет рекламирањето. Се повеќе луѓе почнуваат да сфаќаат колкави се придобивките од оптимизацијта. Вашите конкуренти знаат и почнуваат да ги користат предностите на SEO. Доколку вашите конкуренти го користат, тогаш тие ќе се појават пред вас при пребарувањата во Google и ќе ги добијат потенцијалните клиенти кои пребарувале одредени работи поврзани со вашата дејност или вашите производи, дури и доколку вашата интернет страница нуди подобри услуги и цени.

    6. Подобрување на вашиот бизнис за едно ниво

    Оптимизацијата може да донесе многу посетителите на вашата интернет страница. Вашите клиенти буквално пребарувале производи или услуги кога како понудена опција при пребрувањата се појавила вашата интернет страница. SEO е навистина одлична инвестиција за вашата компанија и може да биде токму она што ќе го однесе вашиот бизнис за ниво погоре.

    7. Постојат 250 милиони интернет страници, оптимизација прави да се издвоите

    Постојат повеќе од 250 милиони интернет страници. Може да биде прилично тешко да се направи позиција со толку многу интернет страници. Особено доколку вашиот производ или услуга е високо конкурентна. Користењето на оптимизација на вашата интернет страница може да направи вашиот бренд да се издвои од останатите и лесно може да биде поттик за зголемување на вашата продажба.

    3.jpg

    8. 60% од кликовите одат само на првиот пребаран резултат

    Тоа значи дека само 40% од кликовите се оставени за вториот преку милионитиот резултат на Google за одреден клучен збор. Обезбедување на првото место на Google е сигурен начин да се здобиете со илјадници посетители. SEO е алатката која е потребна да се здобиете со врвот на самото место. Со мала инвестиција однапред ќе донесете илјадници потенцијални клиенти до вашата интернет страница.

    9. Ќе имате пристап до податоци.

    Може да се здобиете со податоци за клиентите, може да откриете со кои нови производи да се проширите, гледајќи ги клучните зборови и начините на пребарување кои луѓето ги вршат. Можете да го искористите ова за да пронајдете битни клучни зборови со ниска конкурентност кои притоа може да ви донесат илјадници посети на вашата интернет страница и голем број на потенцијални клиенти. Податоците за клиентите се исклучително важни, до кои со користење на прави алатки може лесно да се дојде. Играњето на прав начин со овие податоци може да биде многу корисно за вашиот бинис.

    10. Резултатите се постојани

    За разлика од рекламите, ефектите од оптимизацијата, се постојани. Тие не запираат одеднаш, како кога се престанува со рекламирањето. Се разбира, ќе ви биде потребно мало одржување за да се утврдите на 1 место, но кога ќе го достигнете врвот, шансите зa одземање на самото место ќе бидат доста тешки. Доколку сте заинтересирани за зголемување на вашиот сообраќај со неколку едноставни промени? Дозволете ни да ви испратиме SEO анализа за вашата интернет страница. Анализата е бесплатна, само потребно е да ни ја кажете вашата URL адреса, а ние ќе ви одговориме со извештај!

2017 / Kara5