ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА KАРА5, КАКО КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ВО МАГИСТЕРСКИ ТРУД

  • Kara5

    ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА KАРА5, КАКО КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ВО МАГИСТЕРСКИ ТРУД

    На 24 Април 2015 година, група студенти од Магистерски Студии при Правниот Факултет – Јустинијан Први во Скопје ги посетија просториите на Кара5. Целта на оваа посета беше одржување на предавање на тема “Корпоративен идентитет”, со посебен осврт на неговата практична примена како и процесот на создавање на корпоративниот идентитет. Во рамки на посетата, беа запознаени со дел од изработените брендизни од Кара5, како и со самите подробности во поглед на започнувањето, идеите, реализирањето и комплетирањето на целиот процес. Предавање кое помина на обострано задоволство и беше одлично прифатено од страна на студентите.

    2.jpg

    Она што е од посебно значење за Кара5 е што дел од студентите кои го посетија предавањето, при пишувањето на нивната магистерската студија “СОЗДАВАЊЕ НА КОРПОРАТИВЕН ИДЕНТИТЕТ…”, интернет страната на Кара5 ја наведоа како користена литература.

    3.jpg

    Горди од исходот, Кара5

2017 / Kara5