Kara5

  • Kara5

    ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА KАРА5, КАКО КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ВО МАГИСТЕРСКИ ТРУД

    На 24 Април 2015 година, група студенти од Магистерски Студии при Правниот Факултет – Јустинијан Први во Скопје ги посетија просториите на Кара5. Целта на оваа посета беше одржување на предавање на тема “Корпоративен идентитет”, со посебен осврт на неговата практична примена како и процесот на создавање на корпоративниот идентитет. Во рамки на посетата, беа запознаени со дел од изработените брендизни од Кара5, како и со самите подробности во поглед на започнувањето, идеите, реализирањето и комплетирањето на целиот процес. Предавање кое помина на обострано задоволство и беше одлично прифатено од страна на студентите.

  • Kara5

    КАРА5 ПОТПИША СПОГОДБА СО ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДИЗАЈН – “UNIVERSITY OF LEEDS”

    Чест ни е да ви соопштиме дека Кара5 потпиша спогодба со Факултетот за дизајн – “University of Leeds”. Факултет за дизајн со долга и истакната историја, oснован во 1874 година, со воспоставена репутација како еден од водечките во светот. Со спогодбата беше одредено дека во Кара5 ќе стажираат студенти со завршена 3та година студии, кои ќе имаат можност практично да се дообразуваат во Кара5.

2017 / Kara5