Blog

  • Web

    7 БЕЗБЕДНОСНИ СОВЕТИ КАКО ДА ГО ЗАШТИТИТЕ ВАШИОТ ВЕБ САЈТ

    Дозволете да ви понудиме совети за безбедност на вашиот веб-сајт за и избегнување на хак катастрофи. Можеби вашиот сајт нема некои вредни податоци за да биде пробиен, но веб-сајтовите се компромитирани постојано. Поголемиот дел од нарушувањата на безбедноста на веб-сајтовите немаат цел да ви ги украдат податоците или да ви го уништат сајтот, туку да го искористат вашиот сервер за е-меил спамови или за креирање на привремен веб-сервер со цел поставување нелегални датотеки. Хакирањето редовно се спроведува од страна на автоматизирани скрипти напишани во обид да ги експлоатираат познатите безбедносни проблеми во веб софтверот. Тука се нашите топ 7 совети, за да ви помогнат вашиот сајт да биде безбеден онлајн.

  • Kara5

    ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА KАРА5, КАКО КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ВО МАГИСТЕРСКИ ТРУД

    На 24 Април 2015 година, група студенти од Магистерски Студии при Правниот Факултет – Јустинијан Први во Скопје ги посетија просториите на Кара5. Целта на оваа посета беше одржување на предавање на тема “Корпоративен идентитет”, со посебен осврт на неговата практична примена како и процесот на создавање на корпоративниот идентитет. Во рамки на посетата, беа запознаени со дел од изработените брендизни од Кара5, како и со самите подробности во поглед на започнувањето, идеите, реализирањето и комплетирањето на целиот процес. Предавање кое помина на обострано задоволство и беше одлично прифатено од страна на студентите.

  • Digital Marketing

    КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД SEO – SEARCH ENGINE OPTIMIZATION !?

    Органските огласи се всушност бесплатни. Една од главните придобивки на оптимизацијата е што кога вашата интернет страница е поставена во горниот дел од пребарувањата, вие не треба да плаќате за клик или да распределувате буџет за рекламирање. Со малку напор (и одреден буџет за да се исплати SEO оптимизацијата) можете да согледате како вашата интернет страница постојано остварува сообраќај. Вие не мора да плаќате за секој човек кој ќе кликне на вашата реклама и притоа, за разлика од платените реклами, вашиот сообраќај нема да се намали или да престане.

  • Digital Marketing

    7 СОВЕТИ ЗА ФЕЈСБУК МАРКЕТИНГ

    Кои Фејсбук постови добиваат најмногу интеракции? Кое е најдоброто време од денот да се објавуваат на Фејсбук бизнис коментари? Кој ден од неделата е најдобар за објавување на коментари? Ова се најчестите прашањата кои редовно ги добиваме од клиентите кои сакаат да започнат со Фејсбук Маркетинг.

  • Kara5

    КАРА5 ПОТПИША СПОГОДБА СО ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДИЗАЈН – “UNIVERSITY OF LEEDS”

    Чест ни е да ви соопштиме дека Кара5 потпиша спогодба со Факултетот за дизајн – “University of Leeds”. Факултет за дизајн со долга и истакната историја, oснован во 1874 година, со воспоставена репутација како еден од водечките во светот. Со спогодбата беше одредено дека во Кара5 ќе стажираат студенти со завршена 3та година студии, кои ќе имаат можност практично да се дообразуваат во Кара5.

  • Branding

    ВИДЕО ЗА БРЕНДИРАЊЕ КОЕ УНИКАТНО ПРЕТСТАВУВА ПОЗНАТИ ЛОГОА, БЕЗ ВСУШНОСТ ДА ПОКАЖЕ НИТУ ЕДНО

    Некои од елементите на ова видео од Данската компанија InetDesign изгледаат неверојатно познати. Тоа е затоа што во видеото се користат познати логоа со цел да се објасни значењето на брендирањето. Видот, боите, димензиите и основни елементи на корпоративните дизајн знаци не се променети, но имињата на компаниите се заменети со зборови од приказната на видеото.

  • Digital Marketing

    Зошто фејсбук маркетингот е значаен за промоција на вашиот бизнис

    Спроведувањето на маркетинг стратегија без вклучување на најпопуларниот социјален медиум, едноставно нема смисла. Фејсбук е вториот најпопуларен сајт во светот веднаш после Google. Во моментов, на Фејсбук има околу над 1,15 милијарди корисници. Можете ли да замислете за колкав потенцијал станува збор, дури и допрете само до мал дел од тој број? Можете ли да замислите што тоа би му направило на вашиот бизнис? Вие најверојатно сте веќе на Фејсбук и сте се стекнале со добар број на пријатели, следбеници и фанови, а сега замислете, со колку фанови или следбеници може да се здобие вашиот бизнис, само доколку имате солиден маркетинг план.

2017 / Kara5